еМагазин
Image default
Бизнис

Важноста на осигурувањето во земјоделството во случај на пожар, или други временски непогоди

Многу лета во Македонија сме сведоци на разорни пожари што честопати уништуваат значителни земјоделски површини и предизвикуваат огромни финансиски загуби за земјоделците. Овие пожари ја загрозуваат егзистенцијата и имаат огромно влијание врз економијата.

Екстремните топлотни бранови и суши придонесуваат за појава и ширење на пожари. Неретко плодни региони се сериозно погодени и имаат стотици хектари почва на која се одгледува богат род и шуми буквално уништени од пламенот. Овие пожари не само што ја уништуваат жетвата, туку и ја нарушуваат плодноста на земјата за следните сезони.

Да се осигураат земјоделските имоти е важен инструмент за управување на ризикот и заштита на приходите од непредвидени катастрофи како што се пожари, поплави и суши.

Според Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите пет месеци на 2024 година е забележан раст на осигурувањето на земјоделски имот од 15% во спореддба со лани. Поддршката за земјоделците, осигурувањето на земјоделските имоти во  осигурителните компании е исклучително важно со цел зајакнување на  отпорноста во земјоделскиот сектор.

Глобалното затоплување, константните температури над 40 степени целзиусови, се сигнал дека осигурувањето е повеќе од потреба, и дека не треба да има дилеми дали е потребно или не.

Од друга страна тековните пожари се само потсетник за важноста на осигурувањето и виталната улога што ја игра не само за домовите, туку и за сите видови имоти (меѓу кои се и земјоделските поседи).

Во време  кога е зголемен ризикот, осигурувањето е клучно средство за заштита на имотите и егзистенцијата на секој човек, компанмија, земјоделска задруга или земјоделец индивидуиалец, независно од областа на професионално делување.

Земјоделието е особено подложно на надворешните услови и токму затоа е важно да се осигураат производствените капацитети за да се заштитат од неизвесна иднина.

Осигурувањето не е само трошок, туку е инвестиција во сигурноста и стабилноста, како во работата, така и во животот.

Фото: Општина Битола

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангеле Сотировски нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило”

Редакција

Македонија повторно повлекува струја од европската мрежа

Редакција

Се враќа меѓународниот автобуски превоз, постепено и патниците на меѓуградските линии

Редакција