еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вакцината превенција од компликации: Над 61.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека од месец ноември досега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип.

Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Вакцинацијата заштитува и претставува најдобра превентивна мерка што спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

“Вакцините делуваат, имаат докажана имуногеност и добра ефикасност“,  посочуваат од Министерството.

Потсетуваме дека заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница: vakcinacija.mk, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Во центрите за јавно здравје низ државата се врши имунизација против сезонски грип со комерцијалните вакцини.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

Редакција

Убава вест: Оздравени 3.803 заболени од Ковид-19, 3.564 пријавени во периодот од јануари до март

Редакција

На чии акции на Македонската берза лани најмногу им пораснала цената

Редакција