Од белгиското Министерство за надворешни работи (МНР) за државната агенција МИА потврдија дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте, кој веќе е во Македонија и е добро познат на македонската јавност, ќе работи на постигнување на компромис за усвојување на уставните измени во рамки на проект предложен од Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС), а подржан од Белгија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ванхојте се врати во Македонија, ќе ги „турка“ уставните измени
– Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, вели за МИА портпаролот на белгиското МНР, Давид Јорденс.
Според Јорденс, проектот се спроведува под независна одговорност на ЦЕСС и е предводен од Ванхојте, во својство на „независен посредник на високо ниво со долгогодишно искуство во градење капацитети и посредување во Западниот Балкан и особено во Северна Македонија“.
– Белгија само одлучи да го поддржи проектот на ЦЕСС, во рамките на својата долгогодишна политика за поддршка на проекти за посредување низ целиот свет и имајќи ја предвид својата улога на земја претседавач со Советот на ЕУ, додава Јорденс.
Според извори во белгиското МНР, проектот за посредништво е фокусиран само на Македонија, а Бугарија не е опфатена со него, како што објавија претходно медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Ванхојте