еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Мандатарот Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во македонското Собрание го поднесе списокот на членовите на новата влада и програмата.

Тој очекува списокот и програмата да бидат ставен на гласење пред пратениците за време на викендот, а во понеделник таа да почне со работа.

Кој сѐ е дел од новата влада

Премиер ќе биде Мицкоски.

Лидерот на Демократското движење (дел од коалицијата „Вреди“), Изет Меџити ќе биде вицепремиер и министер за екологија.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Арбен Фетаи ќе биде вицепремиер и министер за добро владење. Тој е кадар на поделената Алијанса за Албанците (крилото на Арбен Таравари е дел од коалицијата „Вреди“).

Љупчо Димовски од Социјалистичка партија (дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде вицепремиер и министер за политички систем.

Вицепремиер за односи меѓу заедниците ќе биде Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија (дел од коалицијата „Твоја Македонија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи

Министер за надворешни работи ќе биде Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Аеродром.

Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за одбрана ќе биде Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии

Министерка за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерка за енергетика и рударство ќе биде Сања Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за култура и туризам ќе биде актерот Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за образование и наука ќе биде докторката Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за информатичко општество и администрација ќе биде Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за спорт ќе биде ракометарот Борко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за спроведување на декадата на Ромите.

Министер за социјална политика, демографија и млади ќе биде Фатмир Лимани од Беса (која е дел од коалицијата „Вреди“).

Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши од Беса.

Министер за европски прашања ќе биде Орхан Муртезани од Алтернатива (која е дел од коалицијата „Вреди“).

Министер за здравство ќе биде Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Министер за правда ќе биде Игор Филков од ЗНАМ.

Министер за јавна администрација ќе биде Горан Минчев од ЗНАМ

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Бутел склучи договор со фабриката Карпош вреден 1,6 милион евра

Редакција

Поради коронавирусот ќе останеме без кондоми

Редакција

Медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите ќе имаат признаени дипломи во земјите од Западен Балкан

Редакција