еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Кејт Миделтон за првпат во јавноста по објавата дека се лекува од рак

Принцезата од Велс, Кејт Миделтон за прв пат се појави во јавноста по објавата дека е болна од рак.

Миделтон и нејзините три деца, беа дел од парадата во чест на роденденот на кралот Чарлс.

Принцезата од Велс, вчера на социјалните мрежи најави дека ќе се појави на парадата, осврнувајќи се и на борбата со ракот. Информираше дека лекувањето оди добро, но и дека како и секој што прима хемотерапии, има лоши и добри денови.

Кога се чувствува добро, ангажирана е околу училишните обврски на децата, прави работи кои ја полнат со позитивна енергија и оптимизам.

Вели дека го слуша своето тело, и постапува како и што се чувствува. Во лошите денови кога се чувствува слабо и изморено, му дава на телото одмор.

Фото/видео: Инстаграм/Принц и Принцеза од Велс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската вакцина „Спутник V“ e ефикасна против британските, јужноафриканските и бразилските соеви на Ковид-19

Редакција

Инфлацијата продолжува да расте: Трошоците за живот во март со раст од 8,8, цените на мало од 9,6%

Редакција

МЕПСО склучи договори вредни над 3,4 милиони евра со “Joint Stock Company„

Редакција