Професионалниот музичар и пејач од Богота, Колумбија, Jaнко Пенафорт, кој неодамна ја посетил Македонија, како што вели самиот на Фејсбук, се заљубил во македонската музика, и решил да научи неколку песни.
Вели и дека нема никакви македонски корени, а во Македонија годинава поминал неколку месеци.
-Македонската музика е симбол на храброста и борбата за слобода, но истовремено и прекрасна музика, вели тој.
На неговата страна на Фејсбук „Колумбиец пее на македонски„ има споделено негова изведба на „Македонско девојче“, „Море сокол пие„, „Јовано, Јованке„…
Реакциите се одлични и имаат бројни споделувања.
Фото/видео: Пенафорт/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.