Мечка вчера во близина на Дебарски бањи, кај месноста викана Пијане, беше спасена од стапица за диви свињи, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Таа е спасена со помош на тим од Зоолошката градина Скопје, кој ја успал исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата, и ѝ ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи.
Откако се освестила од опојното средство мечката заминала.
Станува збор за возрасна кафена мечка, женка.
Во екипата од Зоолошката градина биле Милошевски Јорданчо – биолог и Сашо Панчев – ветеринарен техничар.
Фото/видео: Скопје ЗОО/ЦУК/360 степени
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.