еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) На 31-годишна возраст почина Лијам Пејн, поранешниот член на „Уан дајрекшн“

На 31-годишна возраст почина Лијам Пејн, поранешниот член на британската поп група „Уан дајрекшн“.

Тој починал во Аргентина откако во Буенос Аирес паднал од третиот кат на хотел каде што престојувал.

Според аргентинската полиција, полицајците првично реагирале на пријава за „агресивен маж кој можеби бил под дејство на алкохол или дрога“.

Кога пристигнале во хотелот, им било кажано дека се слушнал гласен звук во внатрешниот двор на хотелот, каде што потоа го пронашле телото.

Неговото тело на кое имало сериозни повреди е предадено на обдукција.

Откако се распадна групата, Пејн почна соло кариера и го објави дебитантскиот сингл во 2017 година.

Пејн беше дел од светскиот позната група „Уан дајрекшн“ во која беа и Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Нијал Хоран и Зајн Малик.

Фото: Пејн/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ГАЛЕРИЈА) Голема посетеност на првата Парада на гордоста во Скопје

Редакција

Државното друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор склучи договор со “Ибо под„ вреден 1,8 милиони евра

Редакција

„Фибула ер травел“ го доби тендерот на Државниот завод за статистика за набавка на авионски билети вреден 50.000 евра

Редакција