Новинарот Фуркан Салиу вчера беше нападнат од извршителката Весна Јакимовска од Кичево.
Притоа тој се здобил со повреда на раката, а скршен му е и микрофонот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извршителката која го нападна новинарот Салиу физички нападнала и полицаец
Салиу објави и видео од инцидентот.
По инцидентот, како што информираше Салиу (како што се гледа и во видеото) интервенирала и полицијата, а извршителката вршела притосоци да му се одземат снимените материјали.
Овој скандалозен настан следува по серијата истражувачки стории поврзани со извршителката од страна на ПорталИкс и Салиу.
За нападот остро регираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), од каде потсетија дека напад на новинар или медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) имаат обврска да постапуваат по службена должност.
-Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на санкционирање на напаѓачот, во овој случај извршителката Јакимовска.
ЗНМ за овој случај освен за кривична одговорност, ќе побара и дисциплинска мерка, согласно кодексот на професионалната етика на извршителите за одземање на лиценцата за работа од страна на Комората на извршители на Република Северна Македонија, велат од ЗНМ.
Фото/видео: Салиу/ПорталИкс