еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Ослободен новинарот Фуркан Салиу

Откако вчера беше приведен на фудбалски натпревар во селото Коњаре, синоќа е ослободен новинарот Фуркан Салиу, основач и уредник на порталот PortaliX.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Приведен новинарот Фуркан Салиу

По пуштањето од полициската станица во скопска Автокоманда тој изјави дека бил ослободен само затоа што работи како новинар и дека во спротивно би завршил во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

Рече дека на фудбалскиот натпревар настанал тотатален хаос и дека полицијата тепала недолжно момче.

„Не знаеа кого да бранат, кого да нападнат. Имаше случај кога полицаец велеше – сакатe да се тепате, епа тепајте се. Лош план за справување со натпревар од висок ризик за којшто јас како новинар знаев дека ќе има нереди, затоа и отидов таму“, рече Салиу.

Снимал како полицијата тепа момче кое не учествувало во нередите, по што го уапсиле и него. Повторно негираше дека нападнал полициски службеник.

„Ме товарат дека сум нападнал полицаец. Нека го докажат тоа, од утре не ме гледате на екран. Ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец…

Полицајците почнаа да тепаат момче кое воопшто не учествуваше во тепачката, го ставија под кола да не се гледа и почнаа да го тепаат. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, ме уапсија мене дека сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, ве молам докажете го тоа.

Викам во видеото, се слуша, бегај – новинар сум, снимам, 90 отсто од тие полицајци ме знаат“, рече Салиу.

За пиштолот кој беше пронајден во неговиот автомобил, повтори дека имал дозвола и го чувал расклопен.

„Претресувањето на возилото би требало да биде во мое присуство. Јас знам дека тоа е направено во обид да се избришат снимките од телефоните на моите сниматели, од кои побарав да се снима насилството врз мене. Ме информираа дека некои снимки се избришани, ама се надевам дека ќе ги вратиме и целата вистина ќе излезе на виделина“, кажа тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и пиштол: МВР со детали зошто е приведен новинарот Фуркан Салиу

Да не се врши притисок врз полицијата: Министерот Тошковски за приведувањето на Фуркан Салиу

ЗНМ бара новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода

Фото: Фејсбук/Салиу/видео: PortaliX

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство со препорака до граѓаните поради топлотниот бран

Редакција

Цариник дел од меѓународна криминална група која криумчарела загрозен вид јагула

Редакција

(Фото-сторија) Охрид во време на корона вирусот: Примерни редици, но и очигледна незагриженост кај дел од граѓаните

Редакција