Пожар денеска ја зафати фабриката за бои и лакови „Еуроком“ кај с. Фалише Тетовско, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од СВР Тетово информираа дека полицајци го обезбезбедуваат местото, а нема информации за повредени лица.
Надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово и граѓаните да останат дома и со затворени прозорци, бидејќи согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.
Видео/фото: ЦУК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.