еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Скопски средношколец заврши во болница: Вознемирувачкиот предизвик на ТикТок „Супермен челинџ“ стигна и во Македонија

Новиот вознемирувачки предизвик на социјалната мрежа ТикТок, наречен „Супермен челинџ“ стигнаа и во Македонија.

Поради истиот средношколец од скопското средно училиште „Михајло Пупин“ вчера заврши во Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“, објави агенцијата Мета. Детето е добро.

Станува збор за предизвик во кој деца и тинејџери се снимаат како скокаат врз испружените раце на нивни врсници, имитирајќи го Супермен, кои потоа треба да се одбијат од рацете на врсниците и да застанат на подот исправени на нозе.

Но, како што може да се види од бројни снимки кои кружат на ТикТок, се случува децата намерно да не го прифатат врсникот кој скока врз нивните раце, за да падне, да тресне на подот и да се повреди, па токму поради тоа и завршуваат со фрактури.

Вакво видео од дворот на скопското средно училиште “Здравко Цветковски“, објави порталот Скопје 1.

Видео: Скопје 1/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На жена од Македонија, Германија и ги одзеде трите деца, на интернет петиција за нивно враќање

Редакција

Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна, предупреди британскиот министер за одбрана Волас

Редакција

Зошто Св. Кирил и Методиј не се Бугари

Редакција