Жена од Македонија на возраст од 29 години денеска загина во сообраќајка кај Солун, а три жени кои биле со неа во возилото се повредени, јавија грчките медиуми.
Една од нив била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба и таа е во сериозна состојба.
Сериозни повреди има и жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.
Третата, 25 годишна жена, е исто така тешко повредена, но надвор од животна опасност.
Во несреќата е повреден и маж на 74-годишна возраст, од другото возило.
Несреќата се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција.
Видео: Alexandreia Gidas
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.