еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром

Денес, 17. декември, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер, управен директор на Визер одржаа состанок на Меѓународниот Аеродром Скопје, по што официјално го објавија почетокот на продажбата на авиобилетите за трите нови авиолинии што ќе бидат достапни од Меѓународниот Аеродром Скопје, до Барселона, Лион и Штутгарт од следната летна сезона.

Патниците на скопскиот аеродром, од 2025 година можат лесно да стигнат и да ја истражуваат Барселона, раздвижениот град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура; Лион, познат по својата кулинарска извонредност и историска значајност и задолжителна дестинација за љубителите на храна и љубителите на културата; и Штутгарт, познат по автомобилската индустрија и прекрасните паркови, кој нуди спој на современост и традиција; додека гостите од овие европски градови можат да ја истражуваат природата, историјата и кулинарството на Скопје и Македонија.

„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници.

Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист.

Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Новите авиолинии од/до Барселона и Лион ќе бидат оперативни почнувајќи од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени во претстојното лето. Директните летови до/од Штутгарт почнуваат да сообраќаат од септември 2025 година.

„Овие нови авиолинии од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да нудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници. Возбудени сме што можеме да ја диверзифицираме нашата мрежа и да го поврземе Скопје со популарните дестинации како што се Барселона, Лион и Штутгарт.

Овие нови конекции ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на туристите од Западна Европа да ги откријат скриените убавини на Северна Македонија“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Визер Унгарија.

Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска, летовите ќе започнат на 3-ти мај 2025 година (Барселона) и ќе сообраќаат секој вторник и сабота, на 1-ви мај 2025 година (Лион), со летови закажани за вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември 2025 година, со летови три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Летовите до новите дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје може да се резервираат на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Основните цени почнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Летовите од Скопје до Барселона се достапни по цени од 31,99 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светозар Јаневски подари над 16.000 акции од „Аутомакедонија“ на три лица

Редакција

Мирно заврши протестот против „францускиот предлог“, дел од демонстрантите ќе спијат во шатори

Редакција

(ВИДЕО) Министерката Шекеринска облече воена униформа

Редакција