еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата не нуди никаков надоместок: Лажна веб страна краде податоци за кредитни и дебитни картички

Од телефонски број од странство деновиве пристигнуваат СМС-пораки до македонските граѓани дека Владата нуди „нов додаток“ од 6.150 денари, а во истите е ставен линк на кој треба да кликнат и да ги остават нивните лични податоци и информации за кредитните/дебитните картички.

Од Владата информираат дека станува збор за измамнички СМС-пораки и дека таа не нуди никаква помош.

Од таму порачуваат граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата.

Случајот е веќе пријавен и соодветни служби постапуваат по истиот.

„Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови, станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат.

Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле“, велат од Владата.

Оттаму апелираат граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци.

„Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бонева ослободена за „Друмарина“, случајот за патните трошоци

Редакција

Вучиќ му се извини на Заев што не испратил соопштение за средбата со Мицкоски

Редакција

Максим Димитриевски трет кандидат кој собра 10.000 потписи за претседателска кандидатура

Редакција