еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Влада донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии

Владата донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии, како највисоко координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите на управувањето со јавни финансии предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2024 – 2027 година, информираат од таму.

Советот ќе го сочинуваат претседател и девет члена, и тоа:министерот за финансии, кој ќе биде претседател, министерот за европски прашања, министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, министерот за јавна администрација, министерот за дигитална трансформација, директорот на Царинската управа, директорот на Управата за јавни приходи, директорот на Бирото за јавни набавки, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки и главниот државен ревизор.

-Основни работи на Советот се да ги презема потребните активности при остварување на реформските цели на Програмата, да го разгледува и одобрува Предлог-Годишниот Акциски план за спроведување на Програмата, пред негово усвојување од страна на Владата, да го следи спроведувањето на Програмата и Годишниот акциски план за спроведување на Програмата во однос на утврдените резултати, показатели и таргети, да ги разгледува, дава мислења и препораки за полугодишниот и годишниот извештај за напредок во спроведувањето на Програмата и на Годишниот акциски план за спроведување на Програмата кои се доставуваат на усвојување до Владата, да предлага мерки што влијаат врз временската рамка за спроведување на активностите, да предлага мерки поврзани со финансирање на активностите во рамките на Програмата, да обезбедува тесна соработка помеѓу релевантните институции вклучени во реализација на активностите, да решава кои било прашања поврзани со координација помеѓу засегнатите страни, да води дијалог за политиките на високо ниво со донаторите и другите засегнати страни за спроведување, финансирање и опфат на реформата на управување со јавни финансии, да следи и дава насоки за обезбедување на широка општествена поддршка за планираните реформи на управувањето со јавните финансии, да го води процесот на среднорочна и конечна процена на целите и резултатите на Програмата и предлага промени на мерките и активностите утврдени во Програмата и заеднички да ги разгледува критичните точки или тесни грла во понатамошното спроведување на Програмата, и предлага и презема корективни активности за решавање на идентификуваните проблеми (во поглед на процесот на управување со ризици), велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коалициските партнери на средба за влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција

Македонските граѓани ќе ја плаќаат Авганистанската национална армија

Редакција

Македонија е со него: Малиот Марко Пејчиновски го стартува 64-километарски маратон за лицата со ретки болести

Редакција