Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска информира дека бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата во Гостивар е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По обилните врнежи, водата во Гостивар е небезбедна за пиење
„Беа земени десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод во Гостивар, а резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметри, а манганот е во граница на нормалните вредности“, велат од АХВ.
Оттаму посочуваат дека резултатите од испитaната вода, земени од три мерни места во Гостивар, се безбедни, односно физичко – хемиски и бактериолошки, одговараат со дефинираните критериуми за безбедност со Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, а присуството на манган е во граница на дозволените вредности.
На 6. октомври АХВ издаде забрана за за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот.
Фото: Унсплеш