еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во гаснењето на пожарите денеска ќе се вклучи и авионот Херкулес од Романија, носи водни бомби од повеќе од пет тона

Пожарот на планината Серта во неготинскиот дел кај селото Калањево ќе го гаснат четири хеликоптери, двата наши армиски и еден полициски, а ќе им се придружи и еден црногорски хеликоптер, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„Ќе полетаат и сите ер трактори, три на Дирекцијата за заштита и спасување и два турски заедно со хрватскиот канадер кон планината Серта, на територијата на Општина Штип, позади селото Драгоево.

На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите, на земја имаме противпожарни единици на кои им се придружуваат 100 војници од Армијата и 30-тина припадници на полицијата“, додаде тој.

„На територијата на Општина Гевгелија, над селото Негорци, испраќаме два словенечки хеликоптери, додека во Општина Ново Село на планината Огражден испраќаме еден голем турски и еден голем српски хеликоптер, што носи пет тона вода.

Денеска се очекува да слета и авионот Херкулес од Романија, што носи т.н. водни бомби од повеќе од пет тона. Заедно со него ќе слета уште еден авион, кој му служи како логистика.

На територијата на државата има уште неколку пожари, кои ќе бараат воздушна поддршка, во Општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково, под врвот на Солунска глава има пожар, како и пожарот веднаш до Радовиш, за кој очекува да воспоставиме контрола,“ изјави Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Македонија активни 13 пожари, со што сѐ се гасат

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална мапа: Скопје блокирано поради доаѓањето на Папата

Редакција

Македонски инвеститори вложиле 470 милиони евра во акции од странски компании, најмногу во САД и Германија

Редакција

Нема ни куќа, ни стан, ама има два автомобили: Каков имот пријавил разрешениот министер Сухејл Фазлиу

Редакција