Во истрагата која ја отвори Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59, а се повредени 203 лица, ќе се вклучат уште 11 обвинители, информираа денеска од Обвинителството.
-Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области, посочуваат од таму.
Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази, посочуваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што е осомничен поранешниот министер Бектеши
За што се осомничени тројцата градоначалници на Кочани
Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.