еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија активни 11 пожари, а шест се под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од коишто во моментов 11 се активни, шест се под контрола, а 25 се изгаснати.

Активен е пожарот во регионот на Јасен, кај викенд населба Белица, каде гори борова шума.

Активен е и пожарот на Галичица во атарите на општините Ресен и Охрид. Пожарот е локализиран на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа гори нискостеблеста вегетација и букова шума.

Во Општина Долнени пожар има кај селото Дебреште, крак кон селото.Зрзе, како и крак кон селото Крапа, во Општина Македонски Брод, каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева.

Во Општина Кичево има пожар кај селото Цер на планина Лубин, но е проширен кон селата Брезово и Зашле, во Општина Демир Хисар. Гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација.

Во Општина Пласница, пожар има кај селата Пласница и Латово, Македонски Брод, запалена е нискостеблеста вегетација.

Aктивен е пожарот и во мешана шума над селото Гари на планината Стогово.

Пожар има и кај Мокрени, Општина Чашка, гори нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума.

Во Општина Долнени кај селото Небрегово гори ниска вегетација, а пожарот е префрлен од Општина Чашка на планината Мукос.

Не се локализирани и пожарите во Општина Пробиштип. Кај селото Неокази зафатени се борова шума и сончеви панели, додека кај селата Трипатанци и Бунеш е зафатена нискостеблеста шума.

Продолжува да гори мешана шума и над селото Врбен во Општина Маврово-Ростуше.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 105 болни од Ковид-19

Редакција

Боки 13 најавува штрајк со глад: Се чувствувам како политички затвореник

Редакција

Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Редакција