еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во мај пад на извозот за 8,8%

Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 199.881.6 милиони денари и бележи пад од 8.8% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 286.075.7 милиони денари, што е за 0.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува  86.194.0 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – мај 2024, изнесува 69.9%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 30- ти јуни

Редакција

„Фрчат“ оставки во „Окта“: Дионисиос Роутсис нов в.д. претседател на Одборот на директори

Редакција

НЛБ е првата овластена банка преку која ќе можете да тргувате со хартии од вредност на странските пазари

Редакција