еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во М-НАВ не се почитувани процедурите за обезбедување, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев за државната агенција МИА, вели дека не се почитувани процедурите за обезбедување во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), не е почитувана нивната програма за обезбедување, а не се почитувани и одредбите на Националната програма за обезбедување на воздушниот сообраќај и одредени одредби од Законот за воздухопловство.

– Вонредната инспекција исто така покажа дека М-НАВ си ги има изготвено и во функција и се сите неопходни документи, но во случајов се работи за прекршување на процедурите што се дефинирани.

Некој своеволно си зел за право да не ги почитува процедурите, туку да работи според сопствено убедување. Тоа довело до неовластено или незаконско влегување на лица во службени простории, но не во оперативната сала каде се остварува комуникација помеѓу авионите и контролорите.

И заради низа други пропусти кои веројатно се толерирале подолг период во самиот објект, како на пример да не се држи затворена одредена врата што требало да им биде затворена за да им биде покомотно.

Еден сплет на околности кои довеле до повреда на безбедносните процедури од аспект на физичко обезбедување на објектот, вели Тунтев.

Недостатоците што ги утврдиле овластените инспектори во делот на обезбедувањето, како што вели, се резултат на континуирано непридржување кон пропишани процедури за обезбедување.

Тој меѓудругото посочува дека е жално е што службата за обезбедување во М-НАВ имала трансформација и е ангажиран аутсорсинг, за кој вели дека е по пропис.

– Ги доставија сите неоходни документи дека имаат неопходна обука, важечи договор меѓу себе, дека ќе вршат физичко обезбедување на првата рампа каде што влегуваат возилата, а дека на втората веќе си стои обезедување од самата фирма.

Но од 15-16 лица таа служба се свела на двајца или тројца, но ние не можеме да решаваме меѓучовечки односи и интереси во М-НАВ, туку надзор во наши надлежности, вели директорот на АЦВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Љубе Стаменковски, разрешениот директор во М-НАВ, на чие место доаѓа Милан Кораќ

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три дена 72 случаи на Ковид-19, нови четворица починати

Редакција

Три сценарија за претседателските избори

Редакција

„Катица од притвор си раководи со даљинско“: Твитер реакции за писмото кое Јанева го прати до СЈО од Шутка

Редакција