еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајка загинаа полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска, вработена во Министерството за одбрана

Во сообраќајка која се случила на 23. мај загинаа 47-годишниот полковник Стефан Ивановски и 32-годишната Ана Нешковска, вработена во Министерството за одбрана.

Несреќата се случила на крстосницата на Булеварот „8 септември“ и Булеварот “Никола Карев“ во близина на карсната “Илинден“, откако моторциклот на кој биле двајцата излетал од коловозот и удрил во бетонски столб, информираа од полицијата.

И двајцата починале на лице место.

Ивановски е и поранешен припадник и командант на ЕСН Волци.

Нивни колеги, меѓу кои и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, се простуваат на социјалните мрежи.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Инспекторат за труд не било важно чии роднини работат во М-НАВ

Редакција

На Денот на независноста на Косово, албанската опозиција во Македонија потпиша декларација за обединување

Редакција

„ЈУ-БАЈ 2“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ вреден 332.000 евра

Редакција