Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.
До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени.
Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.