еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Вреди“ доби пратеник плус, “Европскиот фронт“ на ДУИ изгуби

По вчерашното прегласување за парламентарните избори на седум избирачки места во Петта и Шестта изборна единица има само една промена.

Коалицијата „Вреди“ на албанските опозициски партии доби еден пратеник плус и сега има 14, а коалицијата предводена од ДУИ, „Европски фронт“ изгуби еден и сега има 18.

Нова пратеничка е Имрлије Салиу Фетаи, од Беса (која е дел од коалицијата „Вреди“), која доаѓа на местото на Фатмире Исаки, актуелна заменичка министер за надворешни работи, која е од ДПА, (која е дел од коалицијата „Европски фронт“) и сега оваа партија ќе остане само со еден пратеник – лидерот Мендух Тачи.

Промената се случи со прегласување на едно избирачко место, во селото Ларце, Општина Желино, во шестка.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Редакција

Унгарија прва во ЕУ ја одобри руската вакцина Спутник V

Редакција

Земјите членки на ЕУ не се едногласни за ембарго на руската нафта

Редакција