еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Изборот на хотели во Белек за секого: Од задоволување на вкусот на Џенифер Лопез, до оној на просечно македонско семејство

Известувач од Анталија, за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Белек е првата дестинација на инфо-групата на туристичката агенција Фибула, која преку посета на некои од хотелите, има за цел да го претстави она што е во хит-понудата за Турција, за ова лето. Во Анталија се наоѓа еден од најфрекфентните аеродроми, и чартер летовите овозможуваат да биде хит летна дестинација.

Голем дел од хотелите кои Фибула ги нуди се наоѓаат токму во Белек, а дијапазнот на избор е широк. Хотели со пет ѕвезди за просечно македонско семејство, до оние за кои за 10-дневен одмор треба да издвоите илјадници евра, каде што на пример престојувале Џенифер Лопез, Дуа Липа, Рита Ора, Том Џонс и многу други славни личности.

Убавината е во разноликоста, секому според можностите, потребите, вкусот и задоволување на барањата за вистински летен одмор.

Независно од разликите во класата и рангирањето според бројот на ѕвезди, заедничко за сите нив е гостопримството и неверојатниот сенс за туризам, кој Турција ја издвојува од другите туристички дестинации.

Selectum Luxury Resort Belek

Selectum имаат ланец на хотели на повеќе места низ областа на Анталија. Хотелот е одличен избор за семејства со мали деца, а истиот е доста погоден и прилагоден и за лица со телесен инвалидитет. Храната е за сечиј вкус и ги задоволува најпребирливите апетити.

Kaya Palazzo Golf Resort

Еден од подобрите хотели во Белек. Луксузен фамилијарен хотел со голф терени и добра програма за оние кои се на меден месец. Освен собите во главната зграда, посебно се издвојуваат луксузните лагуна апартмани како и вилите. Белиот песок, фенси барот на плажа, зеленилото го прави овој хотел многу топол и приемчив за гостите.

Regnum

Регнум е најдобриот и најскапиот хотел во Белек. Во него престојуваат голем број на светски музички ѕвезди, како Џенифер Лопез, Дуа Липа, Рита Ора, Том Џонс кои во хотелот одржуваат концерт. Во Регнум се одржа и Самитот на лидери на Г20, во 2015 година, за што сведочат и бројните фотографии од овој светски политички настан, на кој, на едно место ги собра лидерите на најмоќните држави во светот. Сопствениците, се едно од најмоќните семејства во Турција. Гостите на овој хотел, може бесплатно да престојуваат на концертите и имаат бесплатен влез во Land of Legends. Хотелот располага и со сопствен хеликоптер. Содржините што ги нуди ги задоволува најпребирливите и најпрефинети вкусови.

Siam Elegance

Хотел кој е во ексклузивна понуда на Фибулa. Реновиран во 2022 година, нуди одлични услови за семеен одмор, со бројни содржини и забавна програма. Она што го издвојува од другите, а според искуството на гостите, е целодневната анимација која постои во хотелот, услугата на персоналот и љубезноста да се одговори на какво било барање.

Selectum Family Resort Belek

Симпатичен ресорт како од бајките. Многу зеленило, природа, вода, со голем број на детски катчиња што го прави вистински избор за семејства со мали деца.Освен собите во главната хотелска зграда, посебен шмек на ова место му даваат блоковите во градината, од кои на терасите само што не се појавил некој принц или принцеза. Градината на шефот е посебно убава „зелена приказна“ во која се одгледуват дел од зачините кои се употребуваат во кујната. Топла препорака и за непоправливите романтичари.

Следна дестинација е Сиде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во хотелите во Сиде, ќе се чувствувате како дома

(Фото) Кемер се одликува со хотели со многу зеленило, и погледи кон море и врвови на планини

(Фото) На одмор во Анталија, не го пропуштајте рафтингот во кањонот Копрулу

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Редакција

Комитетот на ОН повикува на откажување на патентите за вакцините против Ковид-19

Редакција

Мистериозниот обвинител Абази стана нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Редакција