Сашко Лафчиски е нов началник на Генералштабот на македонската Армија. Тој претходно беше бригадирен генерал, а сега е унапреден во генерал-мајор.
Тој доаѓа на местото на генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, на кој му завршил мандатот.
Лафчиски е назначен на позицијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Ѓурчиновски пак е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.
Свеченото примопредавање на должноста началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18. август.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.