еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Голем раст на цената на становите во Штип, квадрат надмина и 1.200 евра

Драматично расте цената на становите во Штип. Во одредени делови на градот цената за квадрат надмина и 1.200 евра, објави телевизијата Алфа.

Според проценител Глигор Ивановски цената ја дигнале турските студенти, кои студираат таму, а според неговите проценки дури 10% од становите се продадени на странски државјани.

Тие претежно купуваат мали станови, новоизградени.

Според проценителите растот на цената е резултат и на монополската положба што ја имат инвеститорите, но и поради големата заинтересираност за купување.

Според податоци на штипското Даночно одделение во 2022 и 2023 година се продадени повеќе од 650 станови. Нивната вредност се проценува од 20 до 30 милиони евра, објави Алфа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Редакција

Сладолед, лотарија, пари, билети: Вака државите ги „поткупуваат“ луѓето да се вакцинираат

Редакција

Колку чини лекувањето од Ковид-19 во домашни услови: Каква терапија препишуваат матичните лекари

Редакција