еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски образложи зошто Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај се одбиени за пари од унгарскиот кредит

Владата одобри 270 проекти во општините во кои ќе се вложат над 4 милијарди денари од унгарскиот кредит, а не одобри пари за проектите на општините Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека проектите на Град Скопје се одбиени бидејќи конкурирале со проекти коишто се некомплетни.

„Бараат автобуси, бараат средства кои се за одржување на хигиена на улиците, а истовремено имаат отприлика од Владата веќе пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари коишто стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, тоа е булеварот „Хасан Приштина“ веќе две години и за жал ништо не е направено по таа основа, така што очекувам да веќе во следниот период и таму да се подобрат инвестициските перформанси,“ изјави Мицкоски.

За Општина Струмица рече дека не добила, затоа што конкурирала со проект којшто веќе е почнат и проект којшто веќе има избран изведувач, којшто е во тек.

Тој апелираше до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15. ноември и да поднесе нови проекти коишто би можеле да се финансираат.

„Понатаму Општина Теарце којашто поднесе проекти преку приватна е-маил адреса. Еве го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници, има начин како сето тоа се прави.

Имаме некомплетна документација поднесено од Општина Сарај и очекувам до 10.,15. ноември и ова да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус водовод еден, но очекувам дека до 10.,15. ноември и тоа ќе биде надминато,“ додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје: Одлуката да не се доделат средства за проекти од унгарскиот кредит ја потврдува секташката ментална состојба на Владата

Општините Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје не добија пари од унгарскиот кредит

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се воведуваат уште 10 неработни денови: Празници за Грците, Бугарите, Русите…

Редакција

Известувачот во ЕП, Ќучук: Да се врати довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, историјата да се остави на историчарите

Редакција

(Видео) 16 години од смртта на Тоше Проески: Десет безвременски хитови

Редакција