Апелацискиот суд во Кожани, Грција, ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, откако претходно тамошниот суд на 27. јули 2022 година, ја донесе, а потоа на 16. март 2023 година, и ја потрвди законитоста на регистрацијата на Центарот како невладина организација.
Од Центарот за Рацин.мк најавија дека ќе ја обжалат одлуката на Апелацискиот пред Врховниот суд во Грција, а потоа и во Стразбур, пред Судот за човекови права.
Центарот за македонски јазик нудеше онлајн курсеви по македонски јазик.
Најави и дека ќе се залага за зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик во Грција и ќе бара поддршка за воведувањето на македонскиот јазик како изборен предмет во државните училишта и универзитетите во Грција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.