еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција и Македонија да го остават спорот надвор од НАТО, порачуваат од Пентагон

Во пресрет на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, за на кој грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека ќе го покрене како прашање почитувањето на Договорот од Преспа, од Пентагон порачуваат спорот земјите да го остават надвор од НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави дека ќе го стави Мицкоски во „непријатна позиција“ на Самитот на НАТО, тој му врати дека се подготвува

„Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион“, вели за Гласот на Америка на македонски јазик, главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд, кој посочува дека САД силно го поддржуваат Договорот и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО.

Бјуланд, редакцијата на Гласот на Америка за коментар за обновениот спор меѓу Грција и Македонија ја упатил до Стејт департментот. Гласот на Америка на македонски на 19. јуни го прашал Стејт департментот дали премиерот Христијан Мицкоски со употреба на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Северна Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа.

„Изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“, му одговориле на Гласот на Америка од Стејт департментот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари за литар

Редакција

Витаминка ќе дели дивиденда од 400 денари бруто по акција

Редакција