еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција стана првата православна земја кои ги легализираше истополовите бракови

Синоќа во грчкиот Параламент беше изгласан закон со кој се легализираат истополовите бракови, односно се дозволува регистрација на граѓански брак.

Досега во земјата од 2015 година беа дозволени „договори за заедничко живеење“.

За законот од 300 пратеници, „за“ гласаа 176, „против“ беа 76, а 46 беа воздржани.

Со законот на истополовите двојки им се дозволува и посвојување на деца, добиваат старателско право, иако детето биолошки потекнува од само еден од партнерите, но и понатаму им е забрането добивање деца со помош на сурогат мајки.

Грција стана првата православна земја во светот што ги легализираше истополовите бракови.

Таа е 16. членка на Европската Унија, која легализирала истополови бракови и 37. земја во светот.

Законот ја подели државата, но мнозинството од граѓаните дадоа подршка, а за истиот жестоки реакции имаше од Грчката православна црква, која најави и дека ќе им забрани на пратениците кои ќе гласаат „за“, да влезат во црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во геј бар лидерот на Сириза ја славеше легализацијата на истополовите бракови во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за претседателот на бугарскиот клуб во Битола: Ќе одговара за ширење омраза кон Македонците и Евреите

Редакција

Македонскиот Црвен Крст отвори сметки за помош за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

(Фото) Со помош на ЕУ, отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар

Редакција