еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајцата пациенти кои добија органи од починат донор се во добра состојба, пуштени се на домашно лекување

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба, информираат од Министерството за здравство.

-Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување.

Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор – извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија останува посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, велат од МНР

Редакција

Продолжува заканата од морбили: Седум новозаболени, деца и возрасни во сериозна состојба

Редакција

МВР склучи договор со HMF Smart Solutions GmbH вреден 575,6 илјади евра

Редакција