Две лица од повредените во сообраќајката кај Катланово се во критична состојба.
Во несреќата загинаа три лица од Велес, а денеска во градот е Ден на жалоста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починатите во сообраќајката кај Катланово се на возраст од 37,47 и 66 години
Четири од вкупно петте повредени лица се префрлени на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), а едно во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Лицата кои се сместени на ТОАРИЛУЦ се во Единицата за интензивно лекување и се со тешки телесни повреди, а две лица се оперирани веднаш по приемот.
Повреденото лице во болницата „Св. Наум Охридски“ е во стабилна состојба вон животна опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ден на жалост утре во Велес поради сообраќајката во која загинаа тројца велешани