еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Деветмина дрвокрадци фатени на дело, поднесена кривична пријава

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека СВР Охрид до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кичево поднело кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”.

Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка.

„Имено, вчера (08.09.2024), во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување, на територија на општина Кичево во место викано „Кутуров дол“ затекнати се лица во незаконска сеча и дотур на дрва за огрев во шумски предел, и покрај активната забрана за движење во шума.

Лицата биле без соодветни дозволи и документација за сеча, дотур и превоз на огревни дрва. Од лицата се одземени мобилните телефони и предмети за кои се претпоставува дека ги користеле за извршување на кривичното дело, како и товарно моторно возило „ман” и џип „опел фронтера”, двете со кичевски регистарски ознаки.

Исто така, во месноста викана „Мала река’’ лишени од слобода се три лица и одземени се два трактора со приколки и едно возило „цитроен џампер“, како и моторна пила и повеќе канистри за бензин,“ информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невреме во Велес ги претвори улиците во реки

Редакција

(Видео/фото) Фламингата кои беа во карантин во Зоолошка добија ново живеалиште, наскоро доаѓаат и пингвини

Редакција

Прегледани над 50 камери, пребарани подруми, Вардар, манастири во потрагата по Вања Ѓорчевска

Редакција