еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Во Македонија активни девет пожари, а пет се под контрола

Во Македонија денеска се активни девет пожари, а пет се под контрола.

Вчера имало вкупно 40, од кои 26 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, во селата.Тажево, Брезница – крак кон Јасен, во Општина Пробиштип во селата Зелениград и Јамиште, во Општина Пробиштип во селото.Долно Барбарево, во Општина Пласница, во селата Пласница и Латово, Македонски Брод, во Општини Демир Хисар и Охрид, Илинска Планина, во Општина Зелениково, во Смесница, Страхојадица, Градовци, во Општина Охрид, во Косел, Волино, Опеница, во Општина Студеничани, во селото Вртеќица, во Општина Ново Село во селото Бадилен.

Под контрола се пожарите во Општина Пехчево, во селото Негрево, во Општина Кочани, во селото Пресека, во Општина Кратово, во селото Татомир, во Општина Македонски Брод, во селото Грешница и во Општина Свети Николе, во селото.Патетино.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

Редакција

Владата ќе стипендира 50 странски студенти од Балканот со македонско потекло

Редакција

Д-р Кунгуловски: Британскиот сој на коронавирусот веројатно ќе стане доминантен во Македонија

Редакција