Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти детали за сообраќајната несреќа во која загина поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот Идризово, Живко Пејковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сообраќајка загина поранешниот пратеник Живко Пејковски
Несреќата се случи на 29, ноември, а тој вчера беше погребан во Демир Хисар.
Истата се случила на регионалниот пат Р-1305, на место викано Чагор, при што се судриле патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (34) од Демир Хисар и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот Пејковски, а кое е во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Пејковски починал на лице место, а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт.