еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

40-годишен маж и 64-годишна жена загинаа во сообраќајката кај Штип: Детали од МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) сподели информации за страшната сообраќајка кај Штип, во која животот го загубија 40-годишен маж од Кочани и 64-годишна жена од Скопје.

Несреќата се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип.

Во истата учествувале патничко моторно возило „пежо“ со кочански регистерски ознаки управувано од А.Н. (40) од Кочани и патничко моточно возило „шкода“ со скопски регистраски таблички управувано од Б.Д. (66) од Скопје.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д. (64) во шкодата.

Констатирана е смрт од лекар на Итната медицинска помош Штип, соопштија од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски телеком“ бележи раст, а „Оне.Вип“ пад во уделот на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во април

Редакција

Што содржи политичкиот дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на Македонија

Редакција