еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МЕПСО зошто повеќе градови останаа без струја

Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, денеска во раните утрински часови останаа без струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе градови во Македонија останаа без струја

Струја снема околу 5 часот, а истата почна да се враќа после 6 часот.

Од државната МЕПСО денеска информираа дека се работело за „регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината“.

Од таму велат дека дошло до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа.

-Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици.

Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Редакција

(Фото) Монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Кнежино и Пречиста се вакцинираа против Ковид-19

Редакција

(Фото) Пролетното време сред ноември донесе прекрасни виножита над Градскиот парк во Скопје

Редакција