еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Децата со три дози ДиТеПер вакцина од понеделник може да се вратат во градинките

Министерството за здравство информира дека министерот за здравство Илир Демири, согласно препораките на Комисијата за заразни болести донел одлука со која се дозволува прием и престој во детските градинки на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина шест месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија.

Одлуката денеска стапува на сила, а од понеделник ќе се применува.

Од таму информираат и дека ДиТеПер вакцините за возрасни се стигнати и граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови.

-Вакцините се безбедни и претставуваат најголемо достигнување на здравствениот систем. Апелираме до сите граѓани, особено до родителите на децата во предучилишна возраст да ги вакцинираат своите деца затоа што главен приоритет е нивната здравствена заштита.

Вакциналните пунктови за имунизација работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 123 пациенти од корона вирусот, најмногу од Куманово 92

Редакција

Галичка свадба 2023: Шест децениско сведоштво за автентичната традиција, култура и трајните вредности

Редакција

Македонија коспонзор на резолуцијата во ОН за геноцидот во Сребреница, за која се противи Србија

Редакција