еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на дизелот за половина денар од вечерва на полноќ.

Цената на бензините останува иста.

Со новата одлука дизелот ќе се продава за 71 денар за литар, бензинот Еуросупер БС-95 за 76,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 79 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар и сега ќе изнесува 70,5 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,058 денари за килограм и сега ќе изнесува 45,823 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ќе се случи ако нема цензус: За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

Редакција

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид

Редакција

„И Годо дојде и таа ми се смири, ние датум не добивме…“: Твитер реакции

Редакција