Докторот Нико Беќаровски најави дека си заминува од Клиниката за токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот.
Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.
Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте,“ напиша тој на Фејсбук.
Клиниката за токсикологија периодов ја тресат скандали, откако вработените јавно излегоа да го изразат своето незадоволство од работењето на економската директорка Бесија Иљази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Беќаровски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.