еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

До 250 лекари годишно си заминуваат од државата

Претседателот на Македонското лекарско друштво Горан Димитров изјави дека од јавното здравство, до 250 лекари годишно заминуваат во странство.

За три децении тројно е намален бројот на доктори, односно ако во почетокот на 90-те имало 18 илјади, сега има 6 илјади.

„Потребно е да се направи добра регионализација, да се обезбедат подобри услови за специјализација, за напредување, за брзо вработување и да имаат стипендии додека учат, “ додаде Димитров.

Заменик министерката за здравство Маја Манолева смета дека проблемот со иселување е на глобално ниво.

Според нејзе, за да останат лекарите во државата потребно е зголемување на бројот на специјализации, потребно е да се вложува во најмодерна опрема која што ќе овозможи светските методи да се работат и во нашата држава.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39% пропаднале: Клиниката за дерматологија бесплански издавала лекови на пациентите за дома, открива Државна ревизија

Редакција

УЈП распродава запленети возила, машини, станови, ниви…

Редакција

Од грип починала 20-годишна девојка

Редакција