Еден месец ја нема Лидија Трајковска (43) од Скопје, која за исчезната беше пријавена на 8. ноември.
Нејзиното семејство е во исчекување на било какви нови информации, а засега истите ги нема.
Пред неколку недели полицијата пронајде неколку нејзини предмети и пребаруваше на повеќе локации, заедно со членови на семејството и граѓани.
Тоа беше последната официјална информација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска
Трајковска последен пат била видена на автобуската станица во скопското село Јурумлери. Кога исчезнала носела зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики.
Доколку ја видите јавете се на бројот 071 345 208 или пријавете во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Јави се од некаде„: И сопругот на исчезната Лидија испрати апел
За исчезната Лидија Трајковска пишуваат и српските медиуми