Едно лице е потешко повредено, при пукање од возило во движење во скопски Чаир.
„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје.
Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило “пасат”. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.