еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ердоган најпопуларен странски политичар во Македонија, по него Путин, трет Бајден: Анкета на ИРИ

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган е најпопуларен странски политичар во Македонија, но и во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, покажува последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведено во периодот од 2 февруари до 5. март.

Втор по популарност во Македонија е рускиот претседател Владимир Путин, кој е најпопуларен во Србија, а трет американскиот претседател Џо Бајден, кој е најпопуларен во Косово.

Интересно е дека ниту во една од шестте земји каде е спроведено истражувањето, на првите четири места нема политичар од Европската Унија.

Фото: ИРИ/Ердоган/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Слабости во работењето на Уставниот суд утврди Државниот завод за ревизија

Редакција

Вкупно 107: Во Велес шест новозаразени со коронавирусот

Редакција