еМагазин
Бизнис

Жито Лукс лани со зголемена добивка

Жито Лукс АД Скопје лани остварил добивка пред оданочување во износ од 24,8 милиони денари, што претставува подобар резултат за 32 милиони денари споредбено со минатогодишниот, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Оперативниот профит е зголемен за  32,5 милиони денари.

Бруто добивката е зголемена за 91 милион денари, при што се реализираше бруто маржа од  32%.

Вкупните приходи од продажба се намалени за 2% во споредба со минатата година, најмногу како резулатат на пониските продажни цени на производите, велат од таму.

Останатите оперативни приходи, во износ од 10,8 милиони денари, се намалени за 63% во споредба со истиот период минатата година, велат од таму.

-Трошоците на произведени производи, во износ од 816 милиони денари, се намалени за 12%, споредбено со минатата година.

Останатите оперативни трошоци се зголемени за 4%, воглавно како резултат на повисоки трошоци за вработените.

Финансиските расходи се зголемени за 2%. Зголемувањето произлегува од повисоки каматни стапки на банкарските кредити, велат од таму.

Компанијата лани инвестирала 1,3 милиони евра во подобрување и модернизација на производствениот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито Лукс со нов изглед кој е одраз на идните цели и развојни планови на компанијата

Жито лукс со добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По новите мерки прометот на угостителите паднал за 30%

Редакција

Макпетрол ќе дели дивиденда од 3.300 денари бруто по акција, највисока во споредба со сите компании чии акции котираат на Македонската берза

Редакција

УЈП го продолжи рокот за даночните пријави до 29 јануари

Редакција