Денеска во Кривичниот суд во Скопје заврши доказната постапка за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 30 беа повредени.
Завршните зборови на јавниот обвинител Дарко Јакимовски ќе бидат на 14. декември, по што следат завршните зборови на одбраната, па пресудата.
На денешното рочиште Јакимовски рече дека нема да има измена на квалификацијата на делото за ниту еден од обвинетите.
Обвинети во случајот се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Тројца вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, пак се товарат за соучество во истото дело.
Судењето започна во 2019 година и трае четири години.
Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.
Несреќата се случи на 13. февруари 2019 година.