еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина 35-годишен возач на камион во сообраќајка пред ГП Богородица

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на автопатот од клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (35) од с.Селемли, Општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А. (26) од с.Стојаково, Општина Богданци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт.

С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вандализирана бистата на Вапцаров во Скопје пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, кој го носи неговото име

Редакција

Русите ја ограбиле и уништиле лабораторијата во Чернобил-примероци од радионуклиди се во „рацете на непријателот“, тврдат украинските власти

Редакција

(ВИДЕО) Мега проект: На стариот аеродром во Атина ќе никнат вили, шопинг молови, хотели, казино…

Редакција