Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 22.03.2025 година во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи (УЈП), Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.
-Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца
„Дурмо турс“ пак работела нерегуларно: Утврдени неправилности кај 21 превозник на патници и стока
97 градежни лиценци од проверени 643 ќе бидат одземени